Натпреварот помеѓу Белгија и Шведска кој се играше во рамки на квалификациите за Европското првенство не го дочека својот крај бидејќи фудбалерите на Шведска одбија да излезат на теренот во второто полувреме поради убиството на двајцата Швеѓани во Брисел.
Навивачите на Шведска биле убиени од терорист кој според последните информации по долгата потрага утрово бил застрелан од полицијата и пренесен во болница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа што навивачот беше на слобода, полицијата вчера не дозволуваше навивачите да го напуштат стадионот, а сите таму останаа до доцните ноќни часови.
Евакуацијата според информациите на белгиските медиуми започнала на полноќ и сето тоа наликувало на воена операција. Напаѓачот кој утрово беше „неутрализиран“ се претстави како член на ИСИС.
При прекинот резултатот на натпреварот Белгија – Шведска беше 1:1.
Belgique 🇧🇪 : un homme a été « neutralisé » par la police à Schaerbeek, au cours d’une interpellation. Son identité n’a pas été encore divulguée. pic.twitter.com/7ZMUZCDwNy
— Réalité sur Terrain (RT) (@RT_actualite) October 17, 2023