Репрезентативецот на Македонија, Андреј Магдевски повторно ќе го носи дресот на клуб од нашата земја.
Магдевски потпиша договор со битолски Пелистер и за него ова е враќање во домашната кошарка по епизодата која ја имаше во Холандија во редовите на Донар Гронинген. Магдевски се очекува да биде големо засилување за Пелистер и да придонесе многу во организација на играта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Магдевски ова ќе биде четврти клуб во Македонија, претходно го носеше дресот на МЗТ Скопје, Еуро Никел и Гостивар. Од искуството во странство, покрај Холандија играше и во Унгарија.
Новата сезона за Пелистер не започна баш најдобро и забележа два порази, додека во АБА2 лигата забележа победа и пораз. За два дена во рамките од ова натпреварување во Битола ќе се сретне со МЗТ Скопје.