Израелскиот фудбалски тренер Алон Шамли е убиен во напад во Египет кога полицаец пукал во израелски туристи.
Веста за неговата смрт ја соопшти Хапоел Тел Авив, клубот во чија младинска школа работеше.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
34-годишниот Шамли, кој бил меѓу туристите, за жал не го преживеа нападот.
„Еден од тренерите на младинската школа Алон Шемали е убиен во терористички напад во Египет. Алон живееше во Бат Јам, и бил наставник по физичко образование во училиштето Ришоним. Тој дојде во младинската школа на Хапоел пред година и пол, кога минатата сезона работеше како главен тренер на третата екипа, а оваа сезона работеше како асистент на првиот тим. Просветен работник, вистински спортист, скромен, имаше многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос кон децата, го сакаа и фудбалерите и колегите“, истакнаа од клубот.