Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска официјално ги стартува подготовките за октомвриските квалификации.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 ќе се соочи со репрезентацијата на Молдавија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17. октомври, на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17. часот по локално време.
Еден од клучните играчи на оваа генерација на Македонија и член на Шкендија, Методи Максимов даде свое видување за претстојните предизвици на младата репрезентација.
„Не очекува еден исклучително тежок натпревар на гости против незгодната репрезентација на Молдавија. Имаме доволно време да се подготвиме за овој меч и добро да ја анализираме играта на противникот. Молдавија ќе игра на домашен терен и сигурно ќе биде многу мотивирана да се покаже во што подобро светло пред своите навивачи, но ние имаме свои математики и цели и сигурно дека ќе се стремиме да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат.
Одигравме два одлични натпревари против Шведска и Холандија, во кои забележавме една победа и еден пораз. Навистина жалиме за мечот против Холандија, дуел во кој имаме многу можности за гол неискористени. Ќе ги искористиме тренинзите да работиме напорно, се со цел да ја подобриме реализацијата на следните натрпевари.
Владее одлична атмосфера и позитивна енергија во репрезентацијата. Сплотени сме и поседуваме голем квалитет. Тоа го покажавме и на претходните натпревари и се надевам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво и на следните мечеви.
Одличниот колектив е најголемата одлика на овој тим. Оваа репрезентација на Македонија може да се натпреварува и бори за висок пласман на овие квалификации“, изјави Максимов.
По првите две кола од квалификациите Македонија има освоено 3 бодови. На стартот, избраниците на селекторот Драги Канатларовски славеа победа над Шведска на гостински терен и незаслужено беа поразени од Холандија на домашен терен во второто коло.