Дома Останати Тенис На Ѓоковиќ му било понудено да намести тениски меч

На Ѓоковиќ му било понудено да намести тениски меч

Aргентинскиот тенисер, Марко Трунџелети откри дека и Новак Ѓоковиќ бил еден од тенисерите на кој му се понудиле пари да намести меч.

Од време на време по некој тенисер открива како во кариерата му било понудено да намести меч, во главно станува збор за помалку познати тенисери. Аргентинецот Трунџилети сега зборуваше за својата ситуација од 2019 година, а во таа прилика го спомна и Новак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа што го кажав се покажа како точно. Ѓоковиќ кажа дека му било понудено да намести меч. Сергеј Стаховски кој ме нарече доушник подоцна излезе и кажа дека и него му било нудено. АТП, ТИУ (Единица за интергитетот на тенисот), Асоцијацијата и ИТФ, сите овие организации беа под нивото“, изјави Аргентинецот.

Во интервјуто, тој исто така ги пофали напорите на Ѓоковиќ со својата Асоцијација на прогесионални тениски играчи да го исчисти тенсот.

„Неопходно е тоа да се каже, без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не. Сакале они да признаат или не, тие се соучесници затоа што никогаш не зборуваа и не се бореа против системот, не зборуваа зап равата на играчите. Можеби некогаш зборувале, но тоа било интерно, никогаш јавно за да променат нешто. Оваа година се промените наградите на турнирите, но и понатаму се срамни“, смета Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…