Поранешниот тренер на Милан и Интер, Бразилецот, Леонардо од денес е нов тренер на турскиот прволигаш Анталиспор, каде што настапуваат Самуел Ето и Самир Насри.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Леонардо на клупата на турскиот клуб ќе го замени Ризу Калимбу кој мораше да го напушти клубот поради лошите резултати.
„Со Леонардо потпишавме двегодишен договор со него можеме да ја прекинеме доминацијата на клубовите од Инстанбул и да избориме пласман во европските натпреварувања“, објавено беше на официјалната страна на Анталиспор.
Иначе Леонардо како тренер работеше само во Милан и Интер и без тренерски ангажман е цели шест години, од кога го напушти Интер и ја превзема функцијата спортски директор во ПСЖ.
Hoş Geldin Leonardo Araújo#BizAntalyasporuz pic.twitter.com/pcU1JuQnPq
— Antalyaspor (@Antalyaspor) September 28, 2017