Никола Митро и Богдан Маројевиќ, членови на текбол дуото „Лиман”, славеа и на последниот, петти турнир Adriatic Teqball league (ATL), чиј домаќин беше Скопје. Момците од Нови Сад, повеќекратни светски шампиони во текбол, победија во финалето на Јадранската Текбол Лига, со резултат 2:0 (12:3; 12:3) против тимот од Подгорица „Курјаци”, кој е составен од Марко Жарковиќ и Андрија Јовановиќ.
Дека се најдобри во регионот потврдија и на турнирите во останатите држави чии натпреварувачи се натпреваруваа во премиерната АТЛ сезона во Бар, Задар, Сараево и Златибор. Трофејот на најуспешните го додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски кои го подржаа АТЛ Турнирот во Скопје преку проектот #BeActive.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Директорот на Агенција млади и спорт на Северна Македонија Наумче Мојсовски упати честитки до победниците и сите екипи кои земаа учество во натпреварите кои се оддржаа во Скопје. Мојсовски напомена дека Агенцијата за млади и спорт секогаш е тука кога е потребно да се промовираат спортовите и истите да привлечат внимание кај младите. Организацијата на текбол лигата беше овозможена и реализирана од Агенцијата за млади и спорт заедно со проектот “Европска недела на спорт” во рамките на АМС кој веќе 5та година овозможува спорт и забава за сите.
„Драго ни е дека бевме дел од завршниот турнир на Јадранската лига во Скопје, кој беше да кажам завршен чин на оваа прекрасна приказна оваа година. Апсолутно сме задоволни како со организацијата така и со нашите игри во оваа лига. Се надеваме дека овој проект наредната година ќе биде на уште повисоко ниво, затоа што регионот го заслужува тоа и апсолутно на сите текбол играчи кои живеат во овој регион оваа лига им значи, како поради самиот турнир, така и поради стекнување искуство за настапи на меѓународни натпревари кои се во организација на Светската текбол федерација (FITEQ). Големи пофалби и на менаџментот на лигата кои направија одлична работа оваа година”, задоволен беше членот на „Лиман” Никола Митро.
Најпријатно изненадување на турнирот беше тимот на Нови Сад кој стигна до полуфиналето, составен од македонскиот репрезентативец Никола Пејчиновски и неговиот соиграч Радослав Митро. Во четвртфинале го елиминираа тимот од Подгорица „ПГ Текерс” 2:1 (12:10; 12:7). „Лиман” пред мечот за титула го победи „Борац” од Бјело Поље 2:0 (12:3;12:4).
„Што се однесува до самата организација на турнирот се беше на ниво на најголемите светски турнири. Она што е посебно важно е дека турнирот беше добро посетен, дека имаше доста гледачи кои ги пополнија трибините веднаш штом почна загревањето и тоа не се промени до крајот на натпреварувачкиот дел. Лично сум презадоволен со нашиот резултат, а и пласманот во полуфинале, одигравме одличен турнир и со нетрпение очекувам повторно да се собереме.” Задоволен беше Пејчиновски.
По одржувањето на European Teqball Toure на почетокот на годината, текбол ја имаше најголемата промоција во Градскиот парк во Скопје, а бројни посетители имаа прилика да се запознаат со спортот кој би можел да се најде на програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.
Текбол е спорт кој е се популарен во светот. Се работи за спорт кој се игра на специјално дизајнирана закривена маса со топка слична на фудбалската, со најмногу 3 контакти со сите делови на телото освен со рацете, а во случај на категорија на парови задолжителна е барем една размена помеѓу членовите на парот. Ни носи многу атрактивни потези, мајстории и интересни размени во кои публиката ужива во текот на натпреварот, кој се игра во два добиени сета за кој е потребно да се освојат 12 поени. Истотака, TEQ масата е мултифункционална па се демонстрираа и TEQ VOLY и TEQ Pong, а прилика да се пробаат во овие урбани спортови имаа и најмладите посетители на Градскиот парк во Скопје.
На спектакуларен начин затворена е летната TEQ сезона во регионот, а тоа што ги очекува најуспешните учесници се припремите за Светското првенство кое ќе се одржи во ноември на Тајланд.