Дома Фудбал Чави доби лоша вест: Барса без еден од најважните во „Ел Класико“

Чави доби лоша вест: Барса без еден од најважните во „Ел Класико“

Крилниот фудбалер на Барселона, Рафиња го скинал бутниот мускул и го чека пауза најмалку еден месец.

Ако информациите на „АС“ се точни ова значи дека фудбалерот нема да биде во комбинација а настап во „Ел Класико“ кое е на распоредот на 28. октомври.

Рафиња се повреди уште пред крајот на првото полувреме во вчерашниот дуел со Севиља. Чави мораше да реагира и беше заменет во 37. минута.

Дополнителните тестови покажале дека опоравувањето ќе трае подолго, но официјални информации треба да се очекуваат денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Савиоло во 90’+3′ го реши мечот: Трабзонспор со пресврт славеше во Софија!

ЦСКА Софија водеше на паузата, но Салах израмни, а Ноа Савиоло во судиското продолжение му…