Љубомир Филиповиќ, црногорскиот политичар и аналитичар го навлече бесот на фановите на Новак Ѓоковиќ откако жестоко го критикуваше најдобриот светски тенисер.
Ѓоковиќ вчера објави трогателна фотографија од пред црквата Свети Сава во Белград каде што граѓаните на Србија запалија свеќи во спомен на загинатите Срби на Косово и Метохија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако неговиот потег наиде на одобрување кај сите кои се против насилство, Филиповиќ се одлучи да го осуди Новак.
„Ѓоковиќ треба да добие доживотна забрана од тенисот. Ако не биде избркан, тогаш треба да биде посрамотен од нормалните луѓе на овој свет. Се приклучил на српската пропаганда, а терористите ги претставува како херои“, објави Филиповиќ на социјалните мрежи.
Đoković should be banned from tennis for life. If not banned than shunned by the normal people of the world. He is now joining Serbian state propaganda which is trying to portray terrorists as heroes. pic.twitter.com/4EIe2gfcUA
— Ljubomir Filipović (@ljubofil) September 28, 2023