Дома Останати Тенис Ѓорческа ќе игра за полуфинале во Србија

Ѓорческа ќе игра за полуфинале во Србија

Победа од 2-1 во сетови (36 62 63) постигна најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во мечот од третото коло на фјучрсот во Куршумлијска бања во Србија против домашната тенисерка 17-годишната Миа Ристиќ. Лина уште еднаш со пресврт стигна до триумфот исто како и во претходната рунда кога ја победи Унгарката Јани. Денешниот меч траеше 1 час и 46 минути.

Првиот сет го доби Ристиќ откако почетокот на мечот мина со неколку брејка за секоја од тенисерките. Ристиќ водеше со 3:1 и 5:2 и сетот го доби со 6:3.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во следниот сет Ѓорческа беше тенисерката со повеќе реализација и со 6:2 во гемови изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 2:0 и 3:1, но потоа Ристиќ изедначи на 3:3. Сепак до крајот на мечот со серија од три гема Ѓорческа го доби сетот со 6:3 откако во последните три гема имаше скор од 12:1 во освоени поени.

Македонската тенисерка имаше 4 ас сервиси, со 6 двојни сервис грешки и реализациа на брејк топки 7/11.

Утре во четвртфиналето противничка ќе и биде Французинката Лоа Буасон, која денеска ја победи Ника Радишич од Словенија со 2-0 во сетови (64 62). Буасон има 20 години и се наоѓа на 427 место на ВТА листата, а на турнирот играше и квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руска тенисерка одби да се фотографира покрај Сабаленка, причината ќе ве изненади сите (ВИДЕО)

Феноменалниот крај на годината за Елена Рибакина беше крунисан со победа на Завршниот маст…