Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми добива критики од јавноста поради лошите настапи во дресот на германскиот гигант од почетокот на сезоната.
Медиумите во Германија сега шпекулираат што е причината за неговите лоши настапи. Наводно проблемот е во неговата девојка која има потекло од Албанија, Лоредана Зефи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зефи е рап музичарка која е популарна во Германија, но и во Албанија од каде што има потекло, родена е во Швајцарија.
Според информациите на германските медиуми, Адејеми бил толку многу посветен на својата девојка која го „вртела околу малиот прст“ што не можел да биде фокусиран на фудбалот.
Од почетокот на сезоната, Адејеми на теренот помина 261 минута и не направи ништо значајно.