Дома Фудбал Останато Дракслер: Би бил лажго ако кажам дека во Катар не дојдов поради пари

Дракслер: Би бил лажго ако кажам дека во Катар не дојдов поради пари

Јулијан Дракслер некогаш важеше за еден од најголемите германски таленти, но никогаш не ги исполни очекувањата во целост, а неодамна стави крај на играњето фудбал на високо ниво со трансферот во Катар.

Дракслер на тој начин многу веројатно и кажа „збогум“ на репрезентацијата на Германија на кој од денес и официјално Нагелсман е селектор. Германецот не крие и признава дека главната причина за трансферот во Катар се парите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Би можел сега да кажам дека по 12 години фудбал во Европа, сакав да запоазнаам нова култура и да стекнам ново искуство. Сето тоа е точно, но би бил лажго ако не кажам дека клучна улога одигра финансискиот дел.

Заклучив дека понудите финансиски услови даваат повеќе опции за мене и моето семејство. Но, навистина очекувам фудбалот тука наскоро да му парира на европскиот“, изјави Дракслер.

Покрај ПСЖ, Дракслер играше за Шалке и Волфсбург, а минатата сезона ја помина на позајмицата во Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанците убедени: Се е завршено – Јувентус има нов тренер!

Јувентус пред пет дена одлучи да го отпушти Масимилијано Алегри (56), а негов наследник ка…