Дома Фудбал Шкотска против Англија немаше шут на голот, а потоа влезе Мегваер

Шкотска против Англија немаше шут на голот, а потоа влезе Мегваер

Англија ја победи Шкотска со 3:1 во пријателски натпревар пред над 50.000 гледачи на „Хемпден парк“ во Глазгов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стрелци за гостите беа Фил Фоден во 32. минута, Џуд Белингем во 35. минута и Хари Кејн во 81. минута.

Единствениот гол на Шкотска исто така беше дело на Англичаните. Хари Мегваер погоди во 67. минута откако влезе во игра на полувремето.

При водство на неговиот тим со 2:0 и при доминација на Англичаните, Шкотите кои дотогаш немаа ниту еден удар кон голот на гостите, се вратија во мечот благодарение на Англичанецот, кој до ова лето беше најскапиот дефанзивец во историјата.

Мегваер се обиде да расчисти центаршут од десната страна за корнер, но наместо тоа го совлада својот голман Арон Рамсдејл.

Голот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова ера на „Енфилд“: Ливерпул подготви 120 милиони евра за првото засилување

Андони Ираола го презема кормилото на поранешниот шампион Ливерпул, а раководството на тим…