Дома Останати Верна поддршка за спортот – Mozzart и годинава спонзор на Спортските игри на Македонскиот полициски синдикат

Верна поддршка за спортот – Mozzart и годинава спонзор на Спортските игри на Македонскиот полициски синдикат

На спортските терени ширум земјава е испишана хуманата трага на компанијата Mozzart.

Редовно пристигнува поддршка за организација на манифестации и турнири во различни дисциплини, а со помош на лидерот во приредување игри на среќа,  во Охрид се одржаа Синдикалните спортски игри на Македонскиот полициски синдикат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ Голема благодарност до Mozzart, општествено одговорна компанија која и годинава несебично ни помогна во организацијата на синдикалните игри. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина”, истакна Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

Повеќе од 240 натпреварувачи од сите делови на Македонија, гости од цела Европа и претставници од највисокиот врв на МВР, присуствуваа на 21. Синдикални спортски игри во градот на брегот на Охридското езеро.

„Нашата компанија е секогаш тука за помогне и да го поддржи развојот на спортот, како и другите важни општествени области. Веќе неколку години по ред негуваме соработка со Македонскиот полициски синдикат и ни беше задоволство да бидеме дел од оваа успешна меѓународна манифестација со децениска традиција”, истакна Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart. Лидерот во приредување игри на среќа, изминатиов период поддршка даде и на синдикатите на УЈП, ПИОМ и НСП, па нема дилема дека името на компанијата Mozzart останува високо позиционирано на табелата на хуманоста

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ заврши на прегледи во Ургентниот центар

Новак Ѓоковиќ по настапот во Рим се врати во татковината, каде што замина на прегледи во к…