Франција со победата над Ирска (2:0) во петтото коло од евроквалификациите ја продолжи перфектната серија во групата и практично се пласираше на натпреварувањето кое следната година ќе се одржи во Германија.
Чуамени го направи потегот на натпреварот, а можеби и на целата квалификациска ноќ.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Младиот (23) ас на Реал, кој минатото лето го купи од Монако за 80 милиони евра, е дефанзивен играч за врска чија специјалност не е постигнување голови. Впрочем, до овој натпревар, тој постигна само девет во кариерата.
Но затоа десеттиот е незаборавен. Во 19. минута Килијан Мбапе од левата страна упати кратко додавање до него.
Чуамени со директен шут испрати проектил од 20 метри и заврши во десната мала мрежа на Гавин Базуму. Со овој гол Чуамени го фрли во делириум цел стадион. Конечниот резултат го постави Маркус Турам во 48. минута.
Голот на Чуамени погледнете го ТУКА