Дома Фудбал Што се случува со враќањето на Адеми во Динамо?

Што се случува со враќањето на Адеми во Динамо?

АРИЈАН АДЕМИ е многу блиску до враќање во Динамо, односно – беше.

Легендарниот капитен договорил се со Динамо, но неговото враќање на Максимир не зависи од него или од Динамо, туку само од Кинезите кои прават се за да го задржат, пренесува хрватски Индекс.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Адеми синоќа доби зелено светло од Пекинг за да оди во Динамо, утрово Кинезите требаше да ја завршат документацијата, но потоа почнаа да ги менуваат условите.

Адеми треба да дојде во Динамо на позајмица со опција за откуп. Динамо испрати понуда која Пекинг ја прифати, но потоа почна да бара некои бонуси поврзани со бројот на настапи, а потоа престана да одговара на прашања.

Целата ситуација создава нервоза и кај Адеми и кај Динамо на кои им останува уште еден ден да пријават нови играчи.

Доколку капитенот навистина се врати, нема да може да игра во Конференциската лига пред нокаут фазата, а преодниот рок во ХНЛ завршува утре.

Адеми долго размислуваше дали да се врати на Максимир и конечно одлучи пред да дојде на репрезентативниот собир на македонската репрезентација.

Планот беше само да премине во Загреб по репрезентативните обврски, но во моментов ниту тој не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …