Во сабота на Националната Арена „Тодор Проески“ се игра натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 година помеѓу Македонија и Италија.
За македонската публика се очекува ова да биде спектакл, а Италија доаѓа со голем мотив по се она што се случи во март минатата година. Голманот Џанлуиџи Донарума, даде свој коментар пред овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да гледаме како на одмазда пред саботниот натпревар. Најважно е како играме ние, пред нас е деликатен противник, се сеќаваме што ни се случи во Палермо“, изјави Донарума.
Донарума се сеќава и на натпреварот во 2016 година кога Италија во Скопје победи со 2:3.
„Тогаш не бев на голот, бранеше Буфон, не беше лесно ниту во тој натпревар, па свесни сме дека нема да биде ни сега“, смета младиот голман.