Дома Македонски спорт Победнички почеток за Ѓорческа на турнирот во Австрија

Победнички почеток за Ѓорческа на турнирот во Австрија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (62 62), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.

Ѓорческа во првиот сет по водството на противничката од 1:0 направи серија од пет гема и оствари водство од 5:1, за сетот да го добие со 6:2. Во следниот сет текот беше сосема поинаков.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


На почетокот беше 2:2, со по еден брејк за двете тенисерки, за потоа Ѓорческа да направи серија од четири гема и сетот да го заврши со идентични 6:2 како во првиот сет.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер (Австрија) и Леире Ромеро Гормаз (Шпанија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…