Дома Фудбал Супер дерби во Лондон: Арсенал го победи Јунајтед со два гола во судиското продолжение 🎥

Супер дерби во Лондон: Арсенал го победи Јунајтед со два гола во судиското продолжение 🎥

Во драматичен натпревар Арсенал успеа да слави во дербито против Манчестер Јунајтед.

На натпреварот во Лондон Арсенал постигна два гола во судиското продолжение за триумф од 3:1.

Гостите први дојдоа до водство по 27 минути игра, но само една минута подоцна Одегард изедначи на 1:1. За нови големи возбудувања се чекаше до самата завршница кога беше и најинтересно.

Прво, во 89. минута беше поништен гол на Гарначо по реакција на ВАР, а кога изгледаше дека нема да има победник, Јунајтед постигна два гола.

Новото засилување за Арсенал, Даклан Рајс во 96. минута погоди за предност на „топџиите“, за во 101. минута Габриел Жесус да ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…