Дома Фудбал Маестрален погодок на Леао против Рома, Мурињо веднаш му честиташе

Маестрален погодок на Леао против Рома, Мурињо веднаш му честиташе

Милан стигна до третата сезонска победа во натпреварот од 3.коло во италијанската Серија А.

Откако во првите две кола ги победи Болоња и Торино со 2:0 и 4:1, Милан дојде до победа од 2:1 во Рим.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Одличен гол постигна Рафаел Леао кој погоди за 2:0.

Италијанците по натпреварот пишуваат за реакцијата на тренерот на Рома Жозе Мурињо кој му честитал на својот сонародник за голот.

Тренерот на Рома му пријде на Леаo покрај аут-линијата и му подаде рака, иако тоа беше голот што и донесе на Рома уште еден пораз.

Леао по натпреварот изјави дека три години се обидувал да постигне таков погодок.

-Тоа е гол што се обидував да го постигнам три години и конечно го постигнав. Сепак, најдоброто нешто беше да се дојде до победа , бидејќи овде секогаш е тешко против Рома и ова се три важни бода за да се остане на врвот на табелата, -рече Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим веќе размислува на преодниот рок, има две желби кои вредат 100 милиони евра!

Во Манчестер јунајтед постојано имаат идеи и амбиции, но изминативе десетина години не усп…