На германската репрезентација баш не и оди најдобро во последниот период, па тренерот Ханси Флик е под притисокот поради таквите резултати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега Флик се обидува да ја поправи ситуацијата со еден вид шок терапија, па за пријателските натпревари со Франција и Јапонија не повика некои стандардни репрезентативци. Германците пишуваат дека овие натпревари се последната шанса Флик да се „извади“ и да остане селектор.
Повик во репрезентацијата не доби ветеранот Томас Милер кој повторно не е во плановите на селекторот, а покрај него немаше место и за Леон Горецка. Тимо Вернер не игра во најдобра форма во Лајпци, па неговото изоставување не е преголемо изненадување.
Интересно е што Паскал Грос на 32 години со добрите настапи за Брајтон си обезбеди повик и ако настапи тоа би било негово деби за репрезентацијата.
