Според Судиската анализа на ФФМ викендов судиите направиле неколку грешки на средбата помеѓу Работнички и Шкендија.
На натпреварот ФК Работнички– ФК Шкендија одигран на 27.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 16, 53 и 86 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главен судија: Трпчевски Стојан. Помошни судии: Драган Трпчевски и Владимир Митревски.
16 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа)
Играч на гостинската екипа од корнер центрираша во шеснаесетникот на домашната екипа, во тој момент играч од одбраната на домаќините прави минимален контакт со рака (повлекување) над телото на гостински напаѓач, играчот тој контакт го искористува, преувеличува и паѓа.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.
53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за гостинската екипа- поништен регуларен гол за гостинската екипа)
Напаѓач од гостинската екипа од втор план се уфрлува и добива топка од негов соиграч, при тоа тој се наоѓа во регуларна позиција, истиот центрира до свој соиграч кој е во иста линија со него, ја прима топката и постигнува гол.
Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејки играчот на гостинската екипа што постигна гол во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот, се наоѓаше во линија со соиграчот и голот е регуларен (нема офсајд позиција).
86 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за домашната екипа- напаѓач од домашната екипа се наоѓа во очигледна шанса за гол)
Во еден брз контранапад, играч од домаќините додаде топка до свој соиграч кој продираше по левата страна централно во полето на гостите и во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од гостинската екипа.
Погрешна одлука на првиот помошен судија кој го подигна знаменцето и ја прекина играта поради офсајд позиција, бидејки во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот,играчот на гостите се наоѓаше во очигледна шанса за гол и не се наоѓаше во офсајд позиција.
Комплетната анализа можете да ја видите – ТУКА.
Фото: ФК Работнички