Majката на суспендираниот претседател на Фудбалскиоит сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес на кого ФИФА му забрани работа на 90 дена се затворила во црква во местото кое живее и штрајкува со глад.
Ангелес Бехар во Мортила, градот од 60.000 жители во кои живее се затворила во црква на неодредено време, пренесуваат шпанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите може да се прочита и нејзина изјава за целиот случај.
„Џени Хермосо нека ја каже вистината и да ја пвоторни верзијата кога настанот се случи“, изјави Бејар за новинската агенција ЕФЕ.
„Немаше сексуално злоставување затоа што бакнежнот беше обостран, како што може да се види на снимката. Тоа е ситуација во која секој можеше да се најде“, додаде таа.
Женската фудбалска репрезентација на Шпанија пред седум дена го освои Светското првенство во Австралија, а по мечот кога фудбалерките ги прима медалите се случи спорниот момент. ФИФА го суспендираше Рубиалес на 90 дена, додека во Шпанија тој се уште е на чело на сојузот.
Woke FC are against me for saying #FactsMatter
— H ⚽🔭☠️ (@OrangeMentosSzn) August 28, 2023
1) Rubiales should be sacked for the audacity, regardless of what happens
2) Video: Rubiales: Te puedo dar un pico? (Can i give you a kiss)
3) Later her teammate ask Jenni Hermoso what she said- Jenni Hermoso: Pues vale (Okay) pic.twitter.com/CtlME6fYuG