Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и оваа недела во која почнува УС Опен се наоѓа на втората позиција на АТП листата со 9.795 бодови, но ситуацијата набрзо би можела да се промени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред почетокот на УС Опен, првопласираниот Шпанец, Карлос Алкараз има 9.815 бодови, само 20 повеќе од Новак. Минатата година Ѓоковиќ не играше на УС Опен, а Шпанецот ја брани титулата, а со тоа и 2.000 бодови па се е јасно.
Ѓоковиќ ќе се врати на првото место ако победи во првото коло на УС Опен, што не би требало да биде проблем против Французинот Милер.
Трет на листата овој понеделник е Русинот Данил Медведев, a потоа следи Данецот Холгер Руне, па Норвежанецот Каспер Руд, Италијанецот, Јаник Синер, Гркот Стефанос Циципас, Русинот Андреј Рубљов.