Дома Фудбал Една македонска плата за влезница да го гледате Меси

Една македонска плата за влезница да го гледате Меси

Интер Мајами летово направи одличен потег кога го доведе Лионел Меси од Пари Сен Жермен.

Интересот за натпреварите на Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам секако е поголем од доаѓањето на Аргентинецот, а со самото тоа пораснаа и цените на влезниците за натпреварите на американскиот тим.

Интер Мајами славеше во МЛС на гостински терен против Њујорк Ред Бул со 2:0, а еден од головите го постигна токму Меси. Тимот од Њујорк како домаќин ги одреди цените на влезниците кои за овој натпревар беа прилично високи.

Најефинтата влезница за овој натпревар изнесуваше 480 долари или 25.889 македонски денари, сума за која многу граѓани на Македонија работат цел месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…