Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Реал најмалку еден месец без Винисиус?

Проблем за Анчелоти: Реал најмалку еден месец без Винисиус?

Реал Мадрид ја победи Селта Виго но во овој натпревар се повреди еден од најважните фудбалери во тимот на Карло Анчелоти, Винисиус Жуниор.

Бразлиецот во првото полувреме заработи незгодна повреда на мускулот и мораше да биде заменет.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Анчелоти по натпреварот најави дека би требало голгетерот целосно да се рехабилитира за време на репрезентативната пауза, меѓутоа последните информации не се така охрабрувачки.

Деталните прегледи покажале дека Винисиус се здобил со кинење на мускулни влакна и тоа е повреда која знае да биде незгодна, па можеби е ќе му биде потребен подолг период на рехабилитација.

Во текот на денот се очекува Реал да излезе и со официјални информации. Следниот викенд Реал го чека натпревар против Гетафе, а по репрезентативната пауза ќе се соочи со Реал Сосидад во првото коло од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа му возврати на Ноер за Донарума: “Претерано е тоа да се каже”

Џанлуиџи Донарума вчера во една борба за топка тешко го повреди Џамал Мусиала. Мануел Ноер…