Дома Фудбал Останато Пронајден фудбалерот на Горица кој исчезна пред пет дена

Пронајден фудбалерот на Горица кој исчезна пред пет дена

Хрватска Горица соопшти дека фудбалерот Абдулах Талал Хамид кој исчезна пред неколку дена по неговото претставување е пронајден жив и здрав.

Клубот исчезнувањето го пријави во понеделеникот и до денес немаше информации за фудбалерот, а полицијата се сомневаше дека станува збор за киднапирање.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалерот бил пронајден од унгарската полиција која извршила испитување со него. Засега не се открива каде и зошто го немало толку дена. Абдулах е фудбалер од Ирак кој има шведски пасош.

„Унгарската полиција го пронајде Хамид, потерницата е повлечена. Хамид го контактираше и претседателот Ненад Чрнко заблагодарувајќи му се за грижат. Повеќе информации дополнително ќе бидат објавени“, објави Горица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…