Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген постигна договор со Барселона за продолжување на соработката на уште пет години.
Тер Штеген веќе девет години е дел од тимот на Барселона, па ќе остане верен и понатаму во следните пет години. Ако одработи договорот до крајот тогаш ќе помине во Барселона цели 14 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Барселона, Германецот пристигна во 2014 година како замена за Виктор Валдес.
Прво се натпреваруваше за место во тимот со Клаудио Браво, а потоа стана неприкосновен на голманската позиција. Барселона за неговите услуги при доведувањето плати 12 милиони евра.
Во сегашниот договор на Тер Штеген откупната клазула изнесува пола милијарда евра.