Дома Фудбал Германија Олиќ суспендиран поради обложување: Направив голема грешка!

Олиќ суспендиран поради обложување: Направив голема грешка!

Легендарниот хрватски фудбалер е главна тема во спортските медиуми откако заработи суспензија поради недозволено обложување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олиќ се обложувал на девет натпревари од Втората Бундеслига, во периодот од 26 август до 11 септември, што е забрането според правилата во германскиот фудбал.

Тој е казнет со суспензија на два натпревари и со парична казна од 20.000 евра од Спортскиот суд во Германија, но медиумите најавуваат дека ќе биде дополнително казнет и од својот клуб.

„Ова беше голема грешка. Одиграв со пријателите систем преку мојата картичка. Се обложивме и на второлигашки натпревари од Германија, но не на меч на мојот клуб Минхен 1860. Немаше тука можност за некоја голема добивка, туку игравме чисто од забава. Но, погрешив и многу ми е жал“, изјави Олиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неочекувана средба на Ибрахимовиќ и Клоп пред стадионот во Бостон

НЕНАДЕЈАНА средба се случи пред стадионот во Бостон по завршувањето на четвртфиналниот нат…