Ждребот за четвртиот грен-слем турнир во сезоната УС Опен ќе се одржи од 18:00 часот денес, а организаторите направија еден вид преседан.
Имено, извлекувањето на паровите ќе се одржи практично во тајност бидејќи нема да се пренесува на ниту една телевизија, ниту преку лајв стрим. Вакво нешто за првпат се случува во историјата УС Опен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пишува дека УС Опен важи за еден од најмодерните грен-слемови кој прв воведе подеднакви награди во машкиот и женскиот тенис и поради тоа е чудно што се прави ваков преседан со ждребот.
Она што е познато е дека Новак Ѓоковиќ е втор носител, а бранителот на титулата е Шанецот Карлос Алкараз е прв, па така двајцата не можат да се сретнат пред финалето.