Карлос Алкараз истакна дека било исклучитело тешко да се игра против Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати кое заврши со триумф на српскиот тенисер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во еден спектакуларен меч победи во три сета со 7:5, 6:7 и 6:7.
„Уморен сум, но и горд на себе. Навистина не знам зошто плачев, се борев до последната топка и речиси го победив најдобриот на сите времиња. Затоа не знам зошто плачев. Можеби е чудно да кажам, но задоволен сум од тоа што го направив на теренот. Разговарав и со мојот тим, сите имаме такво мислење.
„Тешко е да играте против Ѓоковиќ, секогаш погодува шест-седум добри топки. Цело време се обидував да парирам, меѓутоа беше тешко“, изјави Алкараз.
Прговори и за споредбите со Алкараз.
„Тоа што луѓето велат дека потсетувам на Рафа значи дека сме на добар пат. Убаво е да слушнете од тенисер како Новак дека против мене му биле некои од најтешките натпревари, сите знаеме што постигна зад себе“, изјави шпанскиот тенисер.