Дома Топ вести Атлетико го пушта Феликс на позајмица во Барселона

Атлетико го пушта Феликс на позајмица во Барселона

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс е на излезна врата од Атлетико Мадрид, а во моментов е најблиску до Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челзи се врати во Атлетико Мадрид, но јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне.

Со оглед на фактот дека до овој момент не пристигнаа понуди за Португалецот, сега Атлетико е спремен да го пушти на позајмица.

Феликс сака да се пресели на „Камп Ноу“ и веќе има договор со Каталонците, а Барса може да го доведе само на позајмица.

Двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица за која Барселона ќе плати 7-8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…