Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри што посебно го изненадило на турнирот во Синсинати

Ѓоковиќ откри што посебно го изненадило на турнирот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на мастерс турнирот во Синсинати.

Српскиот тенисер славеше во мечот со Алехандро Давидовиќ-Фокина кој го предаде мечот на почетокот на вториот сет. За Ѓоковиќ ова беше прв меч на американска територија по пауза од две години, па откри и од што посебно бил изненаден.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Има некои позитивни, но и негативни работи. Веројатно ќе ми биде потребно одредено време да влезам во ритам. Бев изненаден колку топката е брзо и колку брзо лета низ воздухот. Потешко е да се контролира, вака беше на централниот терен. Не знам како е на другите“, изјави Ѓоковиќ.

Следен противник на Ѓоковиќ на турнирот ќе биде Гаел Монфис против кого во кариерата играше на 18 натпревари и го победи на сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oва го може само Ѓоковиќ: Спектакуларно освои поен, па ја воодушеви публиката! (Видео)

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет од Лоренцо Музети на финалето од АТП турнирот во Атина,…