Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона во Првата фудбалска лига. Нов фудбалер на нашиот клуб е Шафик Кагиму.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.
24-годишниот фудбалер од Уганда доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби, и игра на позицијата централен играч за врска. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.
Шафик Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло.