Дома Фудбал Останато Нови детали: Убиецот на Михалис е висок, крупен маж, сите 105 навивачи остануваат во притвор

Нови детали: Убиецот на Михалис е висок, крупен маж, сите 105 навивачи остануваат во притвор

По сослушувањето на навивачите кои предизвикаа нереди во Атина судот донесе одлука за притвор на сите 105 уапсени навивачи.

Се очекува наскоро грчката полиција да го открие и идентитетот на главниот осомничен за убиството на навивачот на АЕК кое се случи на 7. август. Од денот на тепачката секојдневно се појавуваат нови видео материјали од убиството Михалис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последно беше објавено видео на кое се гледа почетокот на нападот на хрватските хулигани, а наводно полицијата поседува и снимки од моментот на убиството. Денес се посочува дека убиецот на Михалис бил висок, крупен маж.

Уапсените лица ќе бидат распоредени во 16 затвори. Осум хрватски државјани ќе бидат одведени во затворот во Авлона, а шест во затворската единица во Коридалос, која е помеѓу Атина и Пиреја. Останатите 27 затвореници ќе бидат распоредени 14 затворски одделенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како Луис Енрике го избрка Нејмар од ПСЖ?

Трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен за 222.000.000 евра беше своевремено земјотрес …