Дома Македонски спорт Фудбалерите до 18 ќе одигра контролен натпревар против Унгарија

Фудбалерите до 18 ќе одигра контролен натпревар против Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години на 9. август ќе одигра една контролна пресметка против соодветната селекција на Унгарија.

Контролната средба помеѓу Македонија и Унгарија ќе биде одиграна на стадионот во „Ѓорче Петров”. Натпреварот е закажан за во 17 часот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ интензивно се подготвуваат овие неколку дена за претстојниот дуел со квалитетна селекција на Унгарија.

Младата репрезентација на Македонија до 18 години е сместена во хотел Парк, во Скопје.

Селекторот на нашите млади фудбалери, Вујадин Станојковиќ за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните играчи:

Голмани: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички);

Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Бојан Ивчески (Победа), Теодор Хаџи Попоски (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички), Јован Постолов (А.П. Брера);

Среден ред: Максимилијан Димитријевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Давид Ристовски (А.П. Брера), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Алмир Подграѓа (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Силјаноски (Пелистер);

Напад: Матеј Гаштаров (Вардар), Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Тарик Демишоски (Македонија Ѓ.П.);

Во македонската репрезентација до 18 години беше повикан одбранбениот играч Андреј Велков од А.П. Брера, но поради обврските со првата екипа на тимот од Струмица, не доби дозвола за приклучување на таборот во националниот тим.

Мухамед Елмаз исто така не е приклучен во тимот, доби дозвола од селекторот, бидејќи моментално е во Холандија, на тренинг камп во Гронинген.

Вујадин Станојковиќ, селектор на репрезентацијата на Македонија до 18 години.

„ Овие фудбалери созреваат и на физички и на психолошки план. Како селекција одиме во нагорна линија, се подобруваме и верувам дека можеме да бидеме само подобри во иднина. Радуваат нашите претходни средби со Романија и Црна Гора, каде што успеавме да одиграме навистина добро и да оствариме по една победа против две добри селекции. Создаваме добар колектив, овие млади деца полека стануваат вистински фудбалери кои ќе бидат подготвени да се борат за место во првиот тим на своите клубови.

„ Генерално,  Унгарија секогаш располага со квалитетна сениорска репрезентација, што претставува резултат на одличната работа во младинските селекции. Имаат одлични фудбалери и таленти во сите младински категории.

„ Почеток на сезона е, нема да биде лесно, но верувам во моите фудбалери. Поголемиот дел од играчите веќе месец дена се во добар тренажен процес, бидејќи работат со првиот тим во своите клубови и верувам деа ќе бидат подготвени целосно да одговорат на овој предизвик.

„ Имаме доволно време да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат наредна година. Се надевам дека од оваа генерација ќе излезат фудбалери како Фазлагиќ, Атанасов, Чурлинов, кои ќе бидат носители во селекцијата до 21 година и А репрезентацијата на Македонија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …