Главна тема во медиумите во регионот, но и во Европа денес е случувањата во Атина каде што навивачите на Динамо приредија големи нереди пред вечерашниот квалификациски дуел за Лигата на шампионите против АЕК.
Натпреварот според последните информации ќе биде одложен, но веќе се шпекулира и за казна која Динамо сигурно ќе ја добие.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Засега не е познато како ќе биде казнет хрватскиот гигант, меѓутоа се најавува дури и можно исфрлање од Европа.
На ваква казна инсистираа извештаите од медиумите во Грција, а во јавноста се огласи и сопственикот на АЕК кој тврди дека во Динамо знаеле дека доаѓаат нивни навивачи и никого не известиле. Ќе потсетиме, УЕФА токму поради страв од инциденти забрани присуство на гостински навивачи.
„АЕК го смета Динамо Загреб за целосно одговорен бидејќи знаеше за своите 150 навивачи. На вчерашниот состанок никого не известија, освен дека можеби 30-тина навивачи купиле влезници и ќе се обидат да влезат на натпреварот. Динамо го сметаме за одговорен што група криминалци се организираше и тргна од Загреб за да направи тоа што направи“.
„АЕК на вчерашниот состанок инстиктивно без никакви информации предупреди дека се очекуваат инциденти, тоа наше предупредување беше игнорирано“, соопшти Георге Космас.