Тимот на Шкупи остана без еден од своите најдобри фудбалери откако Реналдо Цефас одлучи да се пресели во турската Суперлига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Цефас се договори со тимот на Анкарагучу кој во минатата сезона заврши на 11-та позиција во турското првенство. Засега не е позната висината на оштетата која ќе ја добие поранешниот македонски шампион.
Цефас во Шкупи помина една сезона и на 40 натпревари постигна 16 гола и додаде шест асистенции.