Дома Фудбал Се појавија гласини за заминување на Перез, Реал Мадрид се огласи

Се појавија гласини за заминување на Перез, Реал Мадрид се огласи

Флорентино Перез е на чело на Реал Мадрид од 2009-та година и успешно го води клубот веќе 14 години, а во последните 24 часа се појавија информации кои најавуваа негово можно заминување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дел од шпанските медиуми пишуваа дека Перез е блиску да соопшти дека се повлекува од Реал Мадрид. Но, таквите гласини беа брзо демантирани откако „кралевите“ објави официјално соопштение со кои потврдија дека Перез нема такви немари.

„Поради гласините кои се појавија на социјалните мрежи за можно повлекување на претседателот Флорентино Перез, Реал Мадрид се јавува со следниот став: Тоа се целосно лажни гласини кои имаат лоши намери и кои немаат ништо заедничко со реалноста“, објави гигнатот од Мадрид.

Исто така се демантира и промена на името на тренинг центарот.

„Освен тоа на Генерално собрание кое ќе го има Реал Мадрид, во ниту еден момент нема да се отвори дебата за менување на името на тренинг центарот“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…