Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар.
Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица се најавуваше и поставување на дополнителна гостински трибина, но за жал „Комитите“ нема да можат да присуствуваат на овој натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата. Во дописот до Брера од ФФМ објасниле дека причина за забраната е безбедноста.
„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме „Комити“ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме се што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Пандев.
Како и останатите средби од првото коло, Брера и Вардар ќе играат утре од 17:00 часот.
Фото: ФК Вардар