Дома Топ вести Познат терминот за „Ел Класико“ – фановите разочарани!

Познат терминот за „Ел Класико“ – фановите разочарани!

Денес претседателот на шпанската лига го потврди терминот на првото „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое ќе се одигра на 3-ти декември.

Натпреварот е одреден да се игра во попладневните часови, поточно во 16:15 часот, а тоа навивачите ќе го дочекаат како големо разочарување, бидејки термонот е непопуларен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Парите го издиктираа овој термин со оглед на тоа дека натпреварот ќе може да се гледа во пристојно време во САД, Јужна Америка, Кина и поголемиот дел од Азија.

„Овој термин двојно ни ги зголеми приходите”, вели првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Натпреварот посебно ќе биде интересен бидејки на табелата во Шпанија е доста густо по 7 одиграни натпревари. Лидер е Атлетико Мадрид со 15, исто колку што има и Реал Мадрид, а Барселона заостанува со два бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино испрати јасна порака по шпекулациите за враќање во Тотенхем

Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покети…