Дома Фудбал Англија Баерн го руши рекордот за Кејн, еве колку сега ќе му понуди на Тотенхем

Баерн го руши рекордот за Кејн, еве колку сега ќе му понуди на Тотенхем

БАЕРН не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра, што беше втора понуда, Баерн подготви и трета.

Тоа е рекордно висока понуда од германскиот клуб и изнесува 100 милиони евра, пишува Дејли Мејл.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најскапото купување на Баерн на сите времиња е Лукас Ернандез, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.

Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играчот кој неодамна го прослави својот 30-ти роденден и е под договор само уште една сезона. Дејли Мејл наведува дека Тотенхем би можел да ја прифати понудата.

Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Се очекува Баерн доколку се договори за трансфер со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор. И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус во проблем: Влаховиќ не игра во дербито со Милан!

Душан Влаховиќ поради повреда сигурно нема да игра против Милан во 13. коло од италијанска…