Дома Топ вести Мбапе во Ливерпул? Мирор: Се подготвува сензација

Мбапе во Ливерпул? Мирор: Се подготвува сензација

ЛИВЕРПУЛ е во преговори со ПСЖ да го доведе Килијан Мбапе на едногодишна позајмица, тврди Мирор, нарекувајќи го потенцијалниот договор „сензационален“.

Да потсетиме, Мбапе не го продолжи договорот со Парижаните кои следната година би можеле да го загубат бесплатно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За да не се случи тоа, ПСЖ ја прифати рекордната понуда на Ал Хилал од 300 милиони евра, но Мбапе воопшто одби да се сретне со богатите Саудијци.

Раководството на ПСЖ е бесно поради ова и смета дека Мбапе ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2024 година.

Сепак, британскиот таблоид Мирор тврди дека Ливерпул го повикува Мбапе на една сезона.

ПСЖ на тој начин би добил одредена сума на пари, а 24-годишната ѕвезда тогаш би го остварил својот сон и би заиграл за Реал.

Мајката на Мбапе, Фајза Ламари е навивачка на Ливерпул, кој се обиде да го донесе напаѓачот додека тој играше за Монако.

Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ кој изнесуваше 222 милиони евра.

Шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон тврди дека Реал е подготвен да плати најмногу 230 милиони евра за Мбапе, со што би го соборил рекордот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…