Дома Останати Кошарка НБА Двејн Вејд го напушти Чикаго – ова се можните дестинации!

Двејн Вејд го напушти Чикаго – ова се можните дестинации!

Двејн Вејд по само една сезона го напушти тимот на Чикаго Булс. Двете страни спогодбено ја раскинаа соработката, која во претстојната сезона требаше да му донесе 24 милиони долари на играчот.

Легендата на Мајами Хит минатата сезона го оствари сонот и потпиша за тимот од родниот град, но меѓу Булси остана само една сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарниот „Флеш“ минатата сезона постигнуваше во просек по 18,3 поени, но беше јасно дека ќе го напушти тимот кога Чикаго го „трејдуваше“ Џими Батлер и тргна да гради нова екипа.

Американските медиуми шпекулираат дека Вејд би можел повторно да игра заедно со Леброн Џејмс сега во Кливленд Кавалирс, но не ја исклучуваат опцијата тој да се врати во Мајами Хит.

Како можни опции се споменуваат и Сан Антонио Спарс, односно Оклахома Сити Тандер, екипа која покрај Расел Вестбрук сега има уште две големи ѕвезди, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позициј…