Дома Фудбал Останато Нови детали: Донарума бил шутиран во глава, му бил вперен и пиштол

Нови детали: Донарума бил шутиран во глава, му бил вперен и пиштол

Француските медиуми открија детали од инцидентот со Џанлуиџи Донарума, и неговата сопруга, кои синоќа беа ограбени во нивниот дом во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Извори блиски на истрагата открија дека во 3 часот наутро крадците го нападнале обезбедувањето на влезот во зградата во која се наоѓа станот на италијанскиот голман.

Откако се справиле со него, се качиле на катот и упаднале во домот на Донарума. Таму крадците почнале да го тепаат фудбалерот, удирајќи го со нога во главата, по што се здобил со две рани.

Голманот и неговата сопруга Алесиј потоа биле врзани и со закана со пиштол морале да откријат каде се наоѓаат нивните вредни предмети. Така, разбојниците добиле накит, скапи чанти и луксузни часовници со вкупна вредност од околу 500.000 евра.

Во тек е истрага на полицијата, по која се очекуваат повеќе детали за инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…