Дома Фудбал Останато Откриено: Ван Нистерлој го напуштил Јунајтед поради навреда кон Роналдо?!

Откриено: Ван Нистерлој го напуштил Јунајтед поради навреда кон Роналдо?!

Ако следите политика веројатно сте слушнале за Алестер Кембел, поранешниот шеф на комуникацијата на Тони Блер и според многумина најмоќниот медиумски гуру во Англија.

Тој издаде уште една книга во која помеѓу останатото откри зошто Руд Ван Нистерлој морал да го напушти Јунајтед и тоа поради Кристиано Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кембел ги опишуваше своите средби со Фергусон, а во еден момент споменува дека Сер Алекс бил исклучително лут на Руд Ван Нистерлој бидејќи лошо се однесувал со Роналдо.

„Во еден момент Ван Нистерлој му кажал Роналдо дека во Карлос Кеирош го пронашол својот нов татко. Беше навредливо, таткото на Роналдо е починат поради алкохолизам и немаа никаков однос. Кеирош кој беше помошник на Фергусон, беше исклучително бесен на Холанѓанецот и бараша да покаже малку повеќе почит кон своите соиграчи, но РВН не покажуваше почит кон никого“, пишува Кембел.

Подоцна се извини, но веќе беше доцна, тоа беше на почетокот на припремите, кога Фергусон слушна што се случило, веднаш го продаде, Холанѓанецот кој премина во Реал Мадрид.

РВН беше продаден за 14 милиони, тогаш се веруваше дека во прашање е негова желба, но очигледно, бил приморан да замине, многумина ќе кажат дека Роналдо е виновникот, но Фергусон добивал информации дека и останатите играчи на тимот биле незадоволни од однесувањето на Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…