Дома Трансфер зона Винисиус имал договорен трансфер во Барселона: Реал Мадрид не ни знаеше кој е кога испрати понуда

Винисиус имал договорен трансфер во Барселона: Реал Мадрид не ни знаеше кој е кога испрати понуда

Барселона во текот на вчерашниот ден го официјализираше и трансферот на Витор Роке, а со него во центарот на вниманието се најде и неговиот агент Анде Кари.

Кари во гостувањето на шпанска телевизија зборуваше и за други трансфери, а откри и дека работел на трансферот на Винисиус во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Договорот беше постигнат, но кога Реал дозна, дека Винисиус е пред потпис со Барселона го покани во Мадрид. Во тие моменти тие не ни знаеа кој е…Трансферот во Мадрид беше избор на неговите агенти, ние три години работевме, но тие (агентите на Винисиус) ме измамија. Од тој ден не сум зборувал со нив“, изјави Кари.

Во меѓувреме Винисиус стана голема ѕвезда и еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…