Дома Топ вести Неверојатен податок за Барса: Што ќе каже Реал на ова?

Неверојатен податок за Барса: Што ќе каже Реал на ова?

Барселона веќе неколку години го носи надимакот „Уефалона“ поради наводни попусти од европските судии, но од денес може да го носи и надимакот „Приметалона“ поради неверојатниот податок кој го „ископаа“ шпанските медиуми.

Имено, во изминатата година дена против Барселона досуден е само еден единствен пенал!

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Пред точно 370 дена на Селта и е свирнат удар од белата точка против Барса, а Гуидети беше сигурен реализатор.

Никој не помислуваше дека тоа ќе биде последен пенал свирнат против Барселона, а не дека судиите немаа основа да покажат на белата точка.

Медиумите најмногу ги издвојуваат стартовите на Маскерано над Лукас Васкез и Роналдо во „Ел Класико“, како и оние на Умтити над Пициани на „Местаља“.

Импресивен е и податокот дека против Хавиер Маскерано не е досуден пенал цели 5 години! Последен пат тоа се случило во 2012 година против Депортиво.

Статистиката ја толкува кој како сака, понекогаш таа кажува СЕ, а понекогаш НИШТО.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Каков гест: Газдата на ПСЖ ги израдува сите 600 вработени во клубот!

Претседателот на Париз Сен Жермен Насер Ал-Хелаифи ќе ги води сите 600 вработени во клубот…