Дома Тенис Вавринка призна: Немам шанси против Ѓоковиќ

Вавринка призна: Немам шанси против Ѓоковиќ

Станислав Вавринка се пласираше во третото коло на Вимблдон каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Швајцарскиот тенисер беше искрен и на пресконференцијата изјави дека не гледа никакви шанси против Ѓоковиќ.

„Убаво е што ќе имам прилика да играм уште еднаш против Ѓоковиќ, ова ќе биде прв наш меч на Вимблдон. Возбуден сум и мило ми е што ќе играме, но мислам дека немам никакви шанси. Ќе се обидам да придонесам за интересен меч, а ако ги погледнете нашите меѓусебни натпревари ќе сфатите колку мали шанси имам“, изјави Вавринка.

Досега Ѓоковиќ и Вавринка се сретнале 27 пати, а српскиот тенисер победил на дури 21 меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…