Денес започнува неофицијалното тениско светско првенство, Вимблдон, на кое Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде еден од главните кандидати за освојување на турнирот.
Карлос Алкараз е лидер на АТП листата во овој момент, сепак, Ѓоковиќ во последните години доминира во Лондон и се надева на нов успешен настап. Освен тоа Ѓоковиќ има и нешто полесен
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ривал на Ѓоковиќ во првото коло ќе биде Аргентинецот, Педро Качин кој е 55-ти играч во светот и со овој меч ќе се отвори Централниот терен на Вимблдон од 14:00 часот. Ако ја оправда фаворитската улога во второто коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Брендон Накашима и Џордан Томпсон.
Во третата рунда може да се соочи со Томас Ечвери и Стан Вавринка, додека во осминафиналето веројатно ќе се соочи со Хуберт Хуркач, Лоренцо Мусети или Душан Лајовиќ.
Веќе во четвртфиналето може да видиме голем меч против Андреј Рубљов или Ник Кирјос кој играше финале минатата година. Полуфиналето може да донесе меч со Каспер Руд или Јаник Синер кој е прв фаворит во тој дел на ждребот. Тука е и уште Тејлор Фриц кој се надева на подобар настап од минатогодишниот кога беше запрен во четвртфиналето.
Против Медведев или Алкараз, Ѓоковиќ може да игра само во финалето. Секако, сето ова е под услов да не се случи некаква сензација и големо изненадување.